ВМРО-ДПМНЕ: Асани и АУОИ не само што не смеат да го продолжат раскрчмувањето на имотот на АД Славија, туку треба да има оставка и одговорност

t

Власта беше фатена жива во криминал во аферата раскрчмување на имотот на АД Славија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Власта се обиде шверцерски неколку дена пред празниците да го продаде имотот на АД Славија по цена од само 200 илјади евра, а реалната вредност е над 20 милиони евра. Ова, власта на Заев сакаше да го изведе во стил својствен за криминалната приватизација од деведесетите, кога се обезвреднуваше имотот на компаниите за да може да биде купен од лица и фирми блиски до СДСМ. Така беше и овој случај. Имотот на АД Славија власта на Заев сакаше да го продаде по вредност 100 пати помала од реалната, за на тој имот потоа фирми блиски до Заев и СДСМ да градат станови.

Овој криминал не смее да се случи. Фатон Асани, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот (АУОИ), не само што не смее да го продолжи овој криминален процес за раскрчмување на имотот на АД СЛАВИЈА, туку треба да си поднесе оставка после ваков скандал.

Одговорност за криминогените активности мора да има и за тие кои го нарачаа раскрчмувањето на имотот на АД Славија, но и на оние кои го спроведуваа, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…

(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…

Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…

Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…

Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…