ВМРО ДПМНЕ: Венко Заев знае дека дијаспората нема да гласа за СДС затоа го блокираат Изборниот законик

t

ВМРО ДПМНЕ денеска ја обвинија опозицијата дека го блокира Изборниот законик зашто нема поддршка од дијапсората. Во партиското соопштение тие на претседателот на СДСМ му се обраќаат со неговото име а го користат презимето на поранешниот лидер на СДСМ.

„Венко Заев и СДС денес панично го блокираат Изборниот законик со илјадници амандмани од една единствена причина, бидејќи стравуваат дека македонската дијаспора нема да им ја даде довербата.

Токму нивното катастрофално владеење, неспособноста, криминалот, корупцијата и понижувањата што и ги нанесоа на државата ги натераа илјадници граѓани да ја напуштат Македонија. Луѓето заминаа затоа што ја изгубија надежта дека СДС може да обезбеди достоинствен живот“, пишува во партиското соопштние.

Според ВМРО ДПМНЕ, „ доказ дека СДС се плаши од избори е последната анкета каде ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од трипати поголема поддршка од СДС, додека довербата во опозицијата паѓа под 100 илјади гласови. Со доверба од само 6 проценти, граѓаните испраќаат јасна порака дека политиките на СДС не добиваат поддршка“, велат од владеачката партија.

„На СДС му се неопходни суштински реформи и целосно нов пристап. Додека СДС останува на чело со луѓе кои се поврзуваат со криминал и корупција, како Венко Заев, довербата кај граѓаните во СДС ќе продолжи да опаѓа“, пишува во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен и Руте ќе разговараат…

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…

Во Бугарија се разгледува решение за проблемот…

Бугарија подготвува нови правила со кои треба…

Европа стравува од нов енергетски шок: Цената…

Европскиот енергетски пазар повторно се соочува со…

По 8 Септември уште 4 неработни денови:…

По 8 Септември, граѓаните до крајот на…

Активни шест пожари на отворен простор, пет…

До 7.30 часот утрово се регистрирани вкупно…