ВМРО-ДПМНЕ: Дали зад позицијата на Венко Филипче „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ се крие таен договор со Бугарија за ново предавство?
Изјавата на Венко Филипче – „прво Бугарите во Уставот, па сè друго“ – е доказ дека Венко Филипче е во договор за ново предавство, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче застапува бугарски позиции наместо македонски интереси. Оттука, сосема легитимно е да прашаме:
Дали постои тајна дипломатија помеѓу старите другари Зоран Заев и Румен Радев?
Дали има комуникација и средби помеѓу нив?
Зошто инаку Венко Филипче на тацна им дава подароци на Радев и на бугарската политика, без да го заштити македонскиот национален идентитет?
Дали зад рушењето на ваквите позиции стои нов бизнис-договор?
Ова се легитимни прашања на кои мора да одговори Венко Филипче, стои во соопштението на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јутјуберот Богдан Илиќ ќе добие кривична –…
Според Кривичниот законик на Србија, на Богдан…
Лајен: Неопходен е прекин на огнот во…
Прекин на огнот во Украина е од…
ЕВН Хоум го објави новиот тендер за…
ЕВН го распиша новиот тендер за набавка…
Пожарот кај Бит-пазар ставен под контрола, зафатени…
Пожарот што избувна во куќи во близина…
ЕУ беше неправедна кон Македонија, но уставните…
На прашањето дали отсуството на Северна Македонија…