ВМРО-ДПМНЕ демантира: Веста дека Мицкоски го повлече законот за реорганизација на Владата е неточна

Веста објавена на неколку електронски медиуми со наслов: „Мицкоски го повлече законот за реорганизација на Владата“ е неточна и истата во целост ја демантираме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата појаснуваат дека Законот е повлечен за исправање на номотехничка грешка, по коригирање на истата законот беше веднаш поднесен и истиот денес ќе се најде на седница на Собранието.
– Потенцираме дека не станува збор за никакво повлекување на законот, туку за негова номотехничка корекција која е во насока на подобрување на предлог законското решение, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според ТВ 21, која објави дека е повлечен предлог законот за реорганизација на министерствата, се правеле измени во поделбата и надлежностите на Министерството за информатичко општество кое, како што пишуваат, сега ќе биде дигитализација и администрација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Деверот на пратеничката Златеска од ВМРО-ДПМНЕ назначен…
Деверот на пратеничката Бисера Златеска од ВМРО-ДПМНЕ…
Во денови на жалост Владата троши 400…
22 милиони 857 илјади и 961 денари…
(Видео) ЗАРАДИ ОВА ИМАШЕ ЗАБРАНА ЗА ДРОН?!…
Радио МОФ објави снимка на која се…
Нема веќе молк, нема повеќе страв –…
Нема веќе молк, нема повеќе страв -…
(Во живо) „Цела Влада оставка!“ – Младите…
Со 20-минутен молк продолжува протестниот марш, граѓаните,…