ВМРО-ДПМНЕ демантира: Веста дека Мицкоски го повлече законот за реорганизација на Владата е неточна

t

Веста објавена на неколку електронски медиуми со наслов: „Мицкоски го повлече законот за реорганизација на Владата“ е неточна и истата во целост ја демантираме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата појаснуваат дека Законот е повлечен за исправање на номотехничка грешка, по коригирање на истата законот беше веднаш поднесен и истиот денес ќе се најде на седница на Собранието.

– Потенцираме дека не станува збор за никакво повлекување на законот, туку за негова номотехничка корекција која е во насока на подобрување на предлог законското решение, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според ТВ 21, која објави дека е повлечен предлог законот за реорганизација на министерствата, се правеле измени во поделбата и надлежностите на Министерството за информатичко општество кое, како што пишуваат, сега ќе биде дигитализација и администрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…

СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…

СДС никако да престане со умисла да…

ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…

„Во куќата на Зоран Заев во Грција…

Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…

Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…

„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…