ВМРО-ДПМНЕ: За власт Филипче е спремен да ги прифати пошироките бугарски барања кои задираат во македонскиот национален идентитет
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение обвини дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, е подготвен да ги прифати пошироките бугарски барања кои, според партијата, навлегуваат во прашањата за македонскиот идентитет, историја и културно наследство.
Од партијата велат дека Филипче, „заслепен од желбата за власт“, верува дека внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав е последната пречка на патот кон Европската Унија, и покрај, како што наведуваат, јавните ставови на официјална Софија.
Во соопштението се посочуваат изјави на бугарскиот претседател Румен Радев, во кои, според ВМРО-ДПМНЕ, тој ги претставува македонските револуционери Гоце Делчев и Јане Сандански како Бугари, а македонскиот јазик и идентитет ги поврзува со периодот по 1945 година.
Партијата тврди дека СДСМ и Венко Филипче не реагирале на ваквите ставови и дека, наместо осуда, се залагаат за прифаќање на бугарските услови.
„Многу е очигледно дека, освен внесувањето на неколку илјади Бугари во Уставот, тоа не е ниту единствен ниту последен услов за евроинтегративниот процес“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во партиското соопштение се наведува и дека граѓаните се спротивставуваат на, како што ја нарекуваат, „поданичката политика“ на СДСМ и Филипче, додавајќи дека македонските национални интереси и историската вистина не смеат да бидат предмет на политички договори.
ВМРО-ДПМНЕ порача дека останува на ставот оти државата не смее да прифаќа нови, како што велат, идентитетски и национални отстапки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…