ВМРО-ДПМНЕ: За СДС единствена политичка агенда се уставните измени, а Филипче е фиксиран само на внесување на Бугарите во Устав
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и партијата што ја предводи како главен политички приоритет ги имаат уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот.
Според владејачката партија, СДСМ и Филипче ги игнорираат позитивните оценки од претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за спроведувањето на Реформската агенда, како и средствата обезбедени преку Планот за раст на Европската Унија, додека во фокусот постојано ги ставаат уставните измени.
„За Филипче и СДС не се важни домашните приоритети во државата, тие работат во прилог на бугарските позиции. За нив постои само една реформа, а тоа се уставните измени и распродавање на државните интереси“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата потсетуваат дека СДСМ, според нив, бил носител на најголемите политички отстапки во изминатите децении, посочувајќи ги промената на државното знаме, името и Уставот.
Во соопштението се наведува и дека Филипче ја продолжува политиката на поранешните лидери на СДСМ, Зоран Заев и Димитар Ковачевски, барајќи нови отстапки и прифаќање услови кои, според ВМРО-ДПМНЕ, не придонесуваат за достоинствен и рамноправен европски пат на државата.
ВМРО-ДПМНЕ повторува дека националните интереси, македонскиот идентитет, јазикот и историската посебност не смеат да бидат предмет на политички преговори и отстапки.
„Македонија заслужува европска иднина, но не по цена на нови понижувања и откажување од сопствените национални обележја“, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека завршило времето кога, како што велат, СДСМ безусловно прифаќал надворешни диктати и додаваат дека државата ќе продолжи да ги брани своите државни и национални интереси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…
Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…
СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…