ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од морбидните пораки, институциите веднаш да постапат и да има одговорност

t

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека е згрозена од, како што наведува, морбидните и нечовечки пораки кои се шират од профил што во јавноста се поврзува со структури блиски до претседателот на СДС, Венко Филипче.

Од партијата оценуваат дека во време кога јавноста се простува од големиот македонски актер Гоце Тодоровски, недозволиво е некој да се радува на неговата смрт и истовремено да упатува пораки со кои се посакува смрт на други лица.

Во соопштението се посочува дека објавата со фотографија од актерите Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски и Богдан Илиевски, со натпис „двајца долу, уште еден остана“, претставува, како што велат, „јасна морбидна порака за посакување смрт на млад човек, јавна личност и новинар“.

„Ова не е политика, ова е дно на човечноста и опасен говор на омраза кој не смее да се премолчи или да се релативизира“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата бара надлежните институции веднаш да реагираат, да го истражат случајот и да го идентификуваат профилот од кој, според нив, се објавени спорните пораки.

Истовремено, ВМРО-ДПМНЕ очекува и претседателот на СДС, Венко Филипче, како и раководството на партијата, јавно да се оградат од ваквите пораки, за кои тврди дека доаѓаат од профили зад кои стојат луѓе блиски до нив.

„Никој не смее да биде над законите и за ваквите постапки мора да има одговорност, без разлика кој стои зад нив и на која политичка опција ѝ припаѓа“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од морбидните пораки, институциите…

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека е згрозена од,…

СДСМ: Во Чаир законите не важат

Изјава, на Кети Штерјова-Советничката од СДСМ во…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен да тргува со…

Филипче е подготвен да тргува со македонскиот…

СДСМ: Стоилковиќ отворено работи на соработка со…

Соопштение за јавност Како што месеци наназад…

СДСМ реагира на критиките на Мицкоски кон…

СДСМ реагираше на критиките што премиерот Христијан…