ВМРО-ДПМНЕ има молскавичен пад на поддршката, информацијата е директно од член на раководството на партијата на Мицкоски, вели Жерновски
Информацијата дека ВМРО- ДПМНЕ има молскавичен пад на поддршката кај граѓаните ја добивме директно од член на раководството на партијата на Мицкоски, а врз основа на испитувањето на нивниот рејтинг кај гласачите. Таквиот надолен тренд не зачуди ниту еден објективен граѓанин кои реално ги следи резултатите од владеењето на ВМРО- ДПМНЕ, бидејќи истите ги чувствува на свој грб, вели во интервју за „Локално“, членот на Извршниот одбор на СДСМ и поранешен амбасадор, Андреј Жерновски откако опозицијата соопшти дека најголемата владеачка партија „изгубила“ над 100 илјади гласови во споредба со последните парламентарни избори.
– Огромно е разочарувањето на граѓаните од актуелната влада.. Неисполнетите ветувања, катастрофата во економијата, падот на животниот стандард на граѓаните, секојдневните скандали кои ја тресат власта, блокираната иднина на државата се само дел од причините за наведеното незадоволство.
Работниците се понижени, граѓаните се осиромашени, економијата е задолжена, институциите се партизирани, правдата е селективна, на улиците се случуваат секојдневни пресметки. Општиот криминалитет е зголемен речиси за половина – и тоа според нивните статистики.
Факт е дека досега немало влада со поголем пад на рејтингот во првата година од владеењето, вели Жерновски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 31 пожар на отворен простор се…
Вкупно 31 пожар на отворен простор се…
Денес се празнуваат Светите маченици Агатоник, Зотик…
Свети Агатоник беше никомидиски граѓанин, по вера…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево и топло со мала до умерена…
Неподнослива смрдеа во Скопје – ЦУК и…
Граѓани со часови се жалат за неподносливата…
Пожарот на косовската граница не се смирува,…
Големиот шумски пожар кој денеска избувна на…