ВМРО-ДПМНЕ има поправен испит за Ќосето: Ќе им дозволи ли Мицкоски на Советниците да го вратат споменикот на еден од најголемите револуционери во Скопје
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска не се откажува од враќање на споменикот на контраверзниот Андон Лазов-Ќосето, кој беше поставен пред комплексот судови за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, а го отстрани ексградоначалникот Петре Шилегов.
Оваа е вторпат Арсовска да предлага точка за враќање на Ќосето на седница на Советот на Град Скопје. Пред два месеца оваа точка беше на дневен ред, но не беше изгласана од советниците. На седницата на Советот која ќе се одржи в понеделник, на барање Арсовска оваа точка пак е на дневен ред. Исто како и претходниот пат и сега се предлага наместо пред комплексот судови споменикот да биде поставен на нова локација, до кружниот тек на булевар Александар Македонски кај хотелот „Континентал“.
„Се работи за исклучително важна историска личност и еден од најголемите македонски револуционери чиј споменик неправедно и шверцерски беше отстранет од претходното градско раководство. Нема да дозволиме споменикот на македонскиот револуционер да рѓосува по магацини, затоа апелираме час поскоро оваа точка да биде ставена на дневен ред во Советот на Град Скопје и веднаш да биде изгласана“, напиша Арсовска пред три месеци на својот фејсбук профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…