ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ја усогласуваат владината програма
ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ја усогласуваат владината програма, како дел од преговорите за владина коалиција, вели за Инфомакс градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.
– Засега усогласуваме владина програма, досега нема ништо конкретно, вели Таравари.
Претходно, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ги формираа работните групи за продолжување на разговорите за евентуално коалицирање во идната влада, откако викендот ги договорија општите начела за соработка.
На средбата во саботата присуствуваа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со партиските потпретседатели и лидерите од партиите во Коалицијата „Влен“ – Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.
Од коалицијата „Влен“ по средбата оценија дека преговорите се одвиваат во позитивна и вистинска насока.
Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратенички мандати, Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ доби 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ доби 18 мандати, Коалицијата ВЛЕН 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.
Државната изборна комисија по претходно поднесени приговори утврди нерегуларности за текот на гласањето и броењето гласови во Желино, Битола, Струга, Охрид, Кичево, Крушево, Ресен, Демир Хисар и Долнени, на дел од овие избирачки места ќе има прегласување, што ќе значи и можност за различна распределба на мандатите од првичните официјални резултати во изборната единица пет.
Во Изборната единица 5 прифатени се приговорите за избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Во Изборната единица 6 прифатен е еден приговор за избирачкото место 2102 во Желино.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кога лавовите ќутат… „ВЛЕН“ не се откажува…
Имаме разбирање за ставот на нашите партнери…
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Влада во Влада: Владините функционери од ВЛЕН…
Продолжува паралелното функционирање на членовите на Владата…
ВЛЕН: Минчев, Димитриевски и ЗНАМ да не…
Коалицијата ВРЕДИ која е дел од владината…
ВЛЕН ќе ги избрка ЗНАМ? Димитриевски размислува…
Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски е против…