ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе почне да собира 150 илјади граѓански потписи за распишување референдум
Договорот за добрососедство со Бугарија заедно со билатералниот протокол се извор на проблемот.
Договорот за добрососедство со Бугарија заедно со билатералниот протокол се извор на проблемот, и тие ќе бидат во фокусот на референдумското прашање заедно со промена на преговарачката рамка- изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски по синоќешната седница на Извршниот комитет. Откако членовите на највисокото раководство на партијата едногласно го поддржале неговиот предлог дека одлуката треба да е граѓанска, а не институционална, Мицкоски вели дека крајниот збор за формулацијата на прашањето ќе се знае по консултации со експерти, а потоа ќе се собираат и потребните 150 илјади потписи за организирање на референдум.
– Суверенитетот извира од граѓаните и ако навистина има минимум демократски капацитет кај СДСМ и ДУИ, тогаш не гледам причина зошто да не го прифатат референдумот, иако не исклучувам било какви политички маневри и гимнастики од страна на спикерот Џафери во Парламентот – Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ нема да поддржи референдум кој значи гласање против македонскиот јазик во Европската Унија, одговорија од владејачката партија. Според нив, единствената цел на Мицкоски е да ги попречи евроинтеграциите.
– Најавите за референдум против заклучоците на Собранието за заштита на македонскиот идентитет, и против тоа македонски јазик во ЕУ не се ништо друго освен обична фарса на Мицкоски за внатрешна употреба во ВМРО ДПМНЕ.-– Богданка Кузеска – портпарол на СДСМ.
Референдум против македонски јазик во ЕУ не е потребен.
СДСМ нема да поддржи референдум којшто е против заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и посебност во преговорите со ЕУ. )
Дека нема потреба од референдум, вчера се согласи и вицепремиерот за евроинтеграции Маричиќ, кој рече дека инсистуциите имаат легитимитет да ги носат одлуките.
Во следниот период од власта најавија дека ќе работат да се создаде атмосфера за разумен политички дијалог во Собранието и за година и пол да се случат уставни измени со кои целосно би се деблокирал патот за отворање на првите поглавја од преговарачката рамка. Но, Мицкоски и денеска беше дециден дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се гарант дека уставните измени, нема да се случат..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Скопје ги консолидира финансиите, реализира капитални…
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски го…
Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со активен дијалог,…
Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на работната…
Захарова: Француските војници во Украина ќе бидат…
Доколку Франција испрати свои војници во Украина,…
Нов ценовен притисок во САД: Увозните цени…
Увозните цени во САД во октомври се…
Трамп: Ќе ја стигнеме Кина во производството…
Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски…