ВМРО-ДПМНЕ останува без партиското седиште ?!

t

Наскоро ќе биде познато дали ВМРО-ДПМНЕ ќе остане без ,,Белата палата”, поточно без партиско седиште. Овој објект беше конфискуван по првостепената пресуда за случајот ,,Талир 2″, а сега на потег е Апелација, која треба да пресече дали партијата дефинитивно ќе остане со празни раце.

Поточно, во петок, на 7 јули, во Апелација е закажана јавната седница за случајот ,,Талир 2″, на СЈО, а со кој беше замрзнато и партиското седиште.

Доколку второстепениот суд ја потврди пресудата на Кривичниот суд, тоа ќе значи и извршување на конфискацијата на објектот, но неизвесно е во чии раце ќе заврши потоа. Во нормална ситуација веднаш би припаднал на државата, но случајот се комплицира бидејќи објектот е под банкарска хипотека за кредит од три милиони евра што го земала партијата.

Обвинителството очекува овој договор да се поништи, но така не мислат и од Комерцијална банка. Од таму по пресудата на Кривичниот суд се повикаа на начелното правно мислење донесено од Врховниот суд пред две години. Потенцираат дека хипотеката на Комерцијална банка на објектот е воспоставена уште во декември 2016 година, односно 2 години пред судот да го замрзне имотот кој тогаш имал чист имотен лист. Тогаш од банката потенцираа дека и новиот сопственик на објектот треба да го подмири долгот.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Синоќа засилено прскање против комарци во три…

Засилени акции за прскање против комарци синоќа…

Врховниот суд на САД привремено гo одобри…

Американскиот претседател  Доналд Трамп  доби привремена правна поддршка…

Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…

Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…

Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…

Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…

Летови од 19 евра и рачен багаж…

Европскиот авионски пазар би можел да добие…