ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена за членство во ЕУ
„Тврдењата на Богданка Кузеска дека ВМРО-ДПМНЕ е против европската иднина на Македонија се целосно неточни. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена за членство во Европската Унија, но врз основа на достоинство, заемно почитување и заштита на националните интереси, а не преку прифаќање на нови понижувања и условувања“, велат од најголемата владејачка партија за обвинувањата на портпаролката на СДСМ.
Додаваат дека денес кога Владата на ВМРО ДПМНЕ работи на реформи, економски развој и враќање на довербата во институциите, СДСМ повторно се обидува да ја злоупотреби европската агенда за теснопартиски цели.
-Европската интеграција не смее да биде алиби за политички манипулации, туку процес заснован на реформи, владеење на правото и заштита на државните интереси.
ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за европска Македонија со силни институции, развиена економија и подобар животен стандард за сите граѓани, наведуваат од таборот на Христијан Мицкоски.
Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција оцени дека Мицкоски е подготвен да ја жртвува европската перспектива на земјата и оти неговата политика ја држи Македонија во изолација. Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од Европската Унија, туку од реформите што ги носи европскиот процес, како независното судство, одговорноста и борбата против корупцијата.
Кузеска оцени дека Мицкоски дошол на власт со лаги за името, Преспанскиот договор и националните интереси, додавајќи дека тие биле средство за освојување на власта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…
ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…
Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…
ВМРО-ДПМНЕ: Пред да биде предоцна, Филипче да…
Венко Филипче е во специфична психолошка состојба,…