ВМРО-ДПМНЕ: Пиунот на Румен Радев се вика Венко Филипче, главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум
Сервилноста и поданството на СДС и Венко Филипче кон туѓи држави и интереси, не е европска вредност. Сервилноста на СДС и Филипче е продолжение на антидржавната и предавничка политика која ја започна Заев и ја продолжи Ковачевски, само за да дојдат и ден повеќе да останат на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Знаејќи дека во Македонија граѓаните не го поддржуваат што се покажува и со рејтинг во рамки на статистичка грешка од само 4%, СДС и Венко Филипче се свртија на нивната добро позната тактика, да одработуваат за туѓи интереси, да ја кодошат државата и од опозиција да ветуваат отстапки во надеж дека некој ќе ги донесе на власт. Немајќи што да им понудат на граѓаните и сакајќи да се додворат, СДС и Филипче велат дека уставните измени се последниот чекор кон ЕУ, додека новиот бугарски премиер Радев, во секој негов настап е дециден дека по уставните измени, Бугарија ќе има и други барања. Исто така, Филипче ја поддржува и бугарската позиција дека Македонија нема проблем со источниот сосед туку дека барањата за промена на уставот се европски, кога и претставници на земји членки на ЕУ велат дека не треба евроинтеграцијата да се билатерализира, посочуваат од владејачката партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека само СДС, Венко Филипче и лојалистите на Заев кои лично ги постави во партиските структури веруваат дека уставните измени се последната пречка за Македонија и бараат нивно спроведување без никакви гаранции.
-Наместо да застанат на вистинската, македонската страна и да ја бранат државата, СДС и Филипче по стапките на Заев, да можат уште еднаш ќе го сменат името за да дојдат на власт и да крадат. Тоа што Заев го започна, Филипче без никаков проблем сака да го заврши, само и само да дојде до фотелја. Со ваквите антидржавни политики, СДС, Заев и Филипче само му носат штета и ја блокираат државата, а од друга страна партијата ја водат кон исчезнување. СДС и Филипче да ја остават сервилноста и одработувањето за туѓи интереси. Со предавства и антидржавна политика не се доаѓа на власт, на власт се доаѓа со гласот на граѓаните и победа на избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…
Талогот на СДС повторно се појави. Овој…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лицата со правосилни пресуди со…
ВМРО-ДПМНЕ денеска упати обвинувања кон лидерот на…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС кога…
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон претседателот…
Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче…
Талогот од СДС и предавникот Филипче не…
Каде одредени луѓе од „врвот“ на СДСМ…
На секоја афера која медиумите ќе ја…