ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче не сакаат Македонија да успее, затоа повеќе од Бугарија бараат уставни измени
СДС и Венко Филипче не можат да ја скријат нервозата, па се претворија во бугарска испостава. СДС и Филипче не можат да го прифатат фактот што државата конечно има државничка Влада која ги штити државните интереси и забележува позитивни резултати, и на внатрешен и на меѓународен план, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Македонија може да води европска политика без понижување, без тргување со идентитетот и без прифаќање диктати на штета на македонските национални интереси. Тоа му предизвикува голема нервоза на Филипче, продолжената рака на Зоран Заев кој е познат по најголемите национални предавства, па сака да го надмине неговиот ментор, па секој ден бара уставни измени и со тоа и редефинирање на историјата“, стои во соопштението на партијата.
Од таму велат дека владата добила признание за посветената работа и насоката во која се движи државата.
„Само во една недела Македонија доби признание за двегодишната посветена работа на Владата и силна потврда за правилната насока во која се движи државата. Прво, претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, од Скопје испрати јасна порака дека државата има видлив напредок во исполнувањето на Реформската агенда, па потоа следеше изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за периодот 2027-2029 година. Ова се случува прв пат од независноста на Македонија и е сериозен дипломатски успех што претставува доверба, препознаен капацитет и меѓународна потврда за државата. Паралелно со тоа, се усвои нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, кој испраќа важна порака дека државата останува јасно препознаена како европска држава која е посветена на реформите, регионалната стабилност и партнерството со ЕУ и НАТО. А, тука не смее да го заборавиме и завршувањето на пост-мониторингот процесот со Советот на Европа, со што се потврдува дека Македонија ги исполнува сите демократски капацитети“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од владејачката партија посочуваат дека со ВМРО-ДПМНЕ на власт, Македонија гради партнерства.
„Голема и јасна е разликата меѓу СДС на Заев и Филипче и ВМРО-ДПМНЕ. Македонија со ВМРО-ДПМНЕ на власт е држава која гради партнерства, добива доверба и испорачува резултати, за разлика од СДС и Филипче кои спроведуваат туѓа агенда. Додека владата ја позиционира Македонија како достоинствена и почитувана европска држава, Филипче е спремен на се само некој да го донесе на власт, па затоа повеќе дури и од Бугарија, бара уставни измени. Државата оди напред, достоинствено се претставува и се развива, само на СДС и Филипче, кои не сакаат државата да успее, тоа им смета“, пишува во партиското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија ги отфрла обвинувањата за дроновите во…
Официјална Москва најави реципрочни мерки против Берлин…
Администрацијата на Трамп следела новинари, Демократите бараат…
Двајца демократски членови на американскиот Конгрес побараа…
(Видео) Зеленски предупредува: Однесувајте се кон рускиот…
Зеленски преку видео обраќање побара светот да…
Германија ја носи руската саботажа пред Советот…
По обидот за бомбашки напад на аеродромот…
Муцунски: Македонија силно го осудува рускиот хибриден…
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски преку…