Објавено на:

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се спремни за ново национално предавство

t

СДС и Филипче се додворуваат на Бугарија и испраќаат пораки дека се спремни за ново национално предавство, велат денес од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС и Филипче немаат црвени линии, тие за власт веднаш би направиле нови предавства.

Филипче постојано изјавува дека уште веднаш е подготвен за уставни измени, без гаранции дека за Македонија тоа би била последната пречка.

Планот за уништување на Македонија на Зоран Заев за ден повеќе власт, сега Венко Филипче сака да го продолжи, со тоа што се додворува за да исполнува агенди на други земји.

СДС прифаќаа се што ќе им се ставеше на маса, па така успеаја да ја блокираат и преговарачката рамка за ЕУ.

Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија, Францускиот предлог се еклатантни примери дека СДС беше подготвен да ја премине секоја граница на штета на македонскиот народ и државните интереси.

За СДС и за Венко Филипче ништо не значат македонскиот идентитет, националните интереси и македонската државност.

СДС со Венко Филипче повторно се подготвени да прават национални предавства, затоа и рејтингот им опаѓа и тие стануват маргинализирана партија. – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митева: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски…

Марија Митева, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бега од одговорност бидејќи со…

Заеднички именител на Филипче и неговиот ментор…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите…

СДС продолжува со ширење лажни, паушални и…

СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе…

СДСМ и коалицијата со амандмани на Предлог-буџетот…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…

Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…