ВМРО-ДПМНЕ: СДС се заложници на криминалот, затоа молчеа на седницата за пратенички прашања, а на Груби ниту името не му го спомнаа

t

СДС молчи и бeга од темата за Артан Груби. СДС пласира низа лаги и конструкции во јавноста а потоа на седницата за пратенички прашања молк, ниту пратеничко прашање ниту пак името да му го спомне на Груби.

Секогаш кога станува збор за конкретна одговорност и соочување со фактите кај СДС владее тишина. Молкот од страна на СДС за Груби е индикативен и отвора сериозни сомнежи за причините за ваквото однесување.

Дали стравот од можните искази на Груби и информации што би можеле да излезат на виделина е причината за паниката во редовите на СДС? Дали поранешни функционери се загрижени од можноста да се отвори прашањето за нивната одговорност?

СДС неколку дена се расфрлаа со десетици различни тези во јавноста за случајот со Груби и со сите сили се обидоа да го заштитат Груби, дури повеќе од што го штитат и Заев и Филипче а потоа на собраниска седница молк по однос на тоа прашање.

Потпретседателката на СДС пак Јованка Тренчевска, отиде до тој степен што посочи дека за еден од случаите во кои се сомничи Груби за сторен криминал, кривични пријави треба да добијат и неговите колеги од тогашната влада.

Што знае Груби што Спасовски, Филипче и Зечевиќ се толку многу вознемирени?

Наместо молк и политички калкулации потребни се транспарентност и одговорност. Секој кој сторил криминал мора да одговара. Владеење на правото и правдата мора да има а институциите да профункционираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време…

Инвестициите скокнаа за 16,5 отсто, градежништвото расте…