ВМРО-ДПМНЕ се фатени во нова лага – немаат собрани потписи за Силјановска, велат од СДСМ

t

Интегрален текст од прес-конференција на Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ:

Почитувани граѓани,

ДПМНЕ се фатени во нова лага, немаат собрани валидни, законски потписи за нивната канадидатка, Гордана Силјановска.

Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата партија од минатото која функционира со ширење невистини.

ДПМНЕ, помпезно на прес конференции се фалеа дека за неколку часа биле собрани потписи, и тоа повеќе од потребните.

Но, се покажа дека не е така. ДПМНЕ, повторно ги излажа граѓаните.

Како што ги лажираат анкетите така се обидоа да го лажираат и собирањето потписи.

Бидејќи немаат собрано валидни потписи за својата кандидатка, ДПМНЕ ја поднесе кандидатурата во ДИК со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани.

Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ.

Силјановска е само продолжена рака на нејзината партија. Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.

На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов.

На граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје.

Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…

„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…

„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…

САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…

Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…

ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР ПАТРИК СТЈУАРТ: Ѕвездата на…

) Легендарниот британски актер сер Патрик Стјуарт,…