ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ здружено во Град Скопје – Советот заробен

t

Членовите на Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ја попречуваат работата на градот и неразумно да ја обвинуваат Левица за своите неуспеси, да се издигнат над партиските и личните интереси и да почнат да работат во корист на жителите на Скопје кои на избори го изгласаа овој советнички состав, бидејќи за широката јавност јасни се погрешните одлуки и неуспесите на раководството на оваа партија и последователното бегање од одговорност.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со саботирање на работата на Град Скопје и јавните претпријатија и установи. Откако нивните партиски директори беа разрешени, тие сепак го задржаа мнозинствто во Советот и заедно со СДСМ одлучуваат за судбината на градот. Тие не подржаа ниту една Инвестициска програма на јавните претпријатија, ниту гласаа за Програмата за животна средина која е од суштинско значење во борбата за почист воздух.

ВМРО-ДПМНЕ чии гласови почиваат на програмата “За Модерно Скопје” која раководството и кадрите на оваа партија ја промовираа, изгуби потполна поддршка во моментот кога партиските директори не беа веќе на чело на претпријатијата. Ова е потврдување за вистинските цели на оваа партија која политичката борба ја замислува како трка до државните каси. Затоа, сега не постои отчетност за постапките во поглед на саботажата на разумен консензус за работата на градот.

Политичката незрелост и нерегулираност која се забележува во редовите на овие советници се обединува и во соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Советот, како единствено мнозинство кое одлучува за гласањето на седниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…