ВМРО-Народна: Српската окупација во очите на новата Влада ни се претставува како романтично минато и општа историја

t

ВМРО-Народна на Љубчо Георгиевски бара ревизија на дел од македонската историја. Според партијата, во изминатите десеттина дена во Македонија останаа неодбележани два важни датуми од изворната македонска историја.

-Прво, почитта кон саможртвата на тетовчанката Мара Бунева која во одмазнички акт го убива српскиот јавен обвинител Велимир Прелиќ како одговорен за затворањата, убиствата и крвничките претепувања на 27 македонски студенти во тоа време. Овој настан по возобновувањето на старото ВМРО во деведесеттите беше одбележуван како симбол против српската окупација на Македонија.

Вториот настан или „Крвавиот Божиќ“ во македонската изворна меморија е врежан пак како симбол на Македонија под титовата југословенско комунистичка диктатурасо кој почнуваат тортурата и убиствата на илјадници македонци кои од 1945 година се залагаат за самостојна и независна Македонија, појаснуваат од партијата на Георгиевски.

Со жалење можеме да констатираме дека, додаваат од ВМРО-Народна, „денеска на власт е партија која во својот предзнак го носи името на ВМРО и со целата досегашна политика прави максимални напори за рехабилитација и ревизија и на двете југославии во свеста на македонските граѓани“.

-Српската окупација во очите на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ни се претставува како романтично минато и општа историја, а титовата Југославија ни се претставува како идеална приказна. Игнорирањето на овие два симболични настани од страна на актуелната Влада најдобро покажуваат зошто ни е потребна ревизија на историјата и тоа не поради тоа што некој друг го бара туку заради нас самите и поради сите македонски жртви кои се дадени во борбата против двете Караѓорѓевата и Тиова Југославија, стои во партиското соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…