Внимавајте: Изгpeбаните и оштeтении садови за готвење се опaсни по здравјето

t

При купувањето садови за готвење, покрај изгледот, потребно е да се води сметка и од каков материјал се направени, а при подготовката на храната не треба да се користат оштетени или изгребани садови, бидејќи тоа може да биде опасно по здравјето.
Експертите истакнуваат дека најбезбедно е да се користат стаклени садови или природна необоена керамика.
Исто така, советуваат да се читаат декларации и да не се користат оштетените производи. Емајлирани садови се препорачуваат за подготовка и складирање на храна.
Емајлот е всушност заштитен слој кој го покрива металот, а доколку се изгребе едно такво тенџере, веднаш треба да се стави надвор од употреба.

Кога садовите за готвење се оштетени, изгребани или скршени, токсични материи може да се ослободат за време на подготовката или складирањето на храната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ