ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ ПАРКИРАТЕ ВО ЦЕНТАР: Фрчат казни и „пајаци“
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 195 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 09.01. до 15.01.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 97 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 98 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешко повредена 17-годишна девојка во Тетово, откако…
17-годишна девојка од Косово е тешко повредена…
Бесплатен интернет на 72 локации во 64…
Вкупно 72 локации во 64 општини низ…
Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…
Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Син ја нападнал мајка си во тетовско
24-годишно момче е приведено во Тетово откако неговата…