Објавено на:

Внимавајте: Кој во Грција не ги почитува сообраќајните правила ќе плати и до 2000 евра! За еден прекршок следува и затвор

t

Од непрописно паркирање, до возење во влечки, па до најлошото – возење во алкохолизирана состојба. Следниве сообраќајни правила во Грција треба да ги знаете пред да одите на море оваа година, инаку одморот може да ве чини од 40 до 2.000 евра.

Како што пишува страницата грчкаинфо, Грците се многу строги кога станува збор за брзо возење, па за надминување на 20 километри на час ќе бидете казнети со 100 евра, а доколку „нагазите“ 50 километри на час повеќе, ќе добиете забрана за сообраќај од 60 дена и глоба од 350 евра.

Забрана за возење за овие прекршоци
Една од најскапите казни е поминување на црвено светло и изнесува 700 евра, а доколку следува и тужба, сумата може да се удвои. Доколку ја поминете полната лента, подгответе се за казна од 200 евра и можна забрана за возење од 20 дена.

Иако туристите често не обрнуваат внимание на жолтиот знак за инвалиди во својата земја, можеби законот во Грција би можел да ги научи зошто не се препорачува паркирање таму.

Имено, Грците не го толерираат ова непочитување на прописите, па казната е 150 евра, по што следува одземање на возачката и сообраќајната дозвола на 10 дена.

Возењето без појас се казнува со 350 евра, додека користењето на мобилен телефон додека возите ќе ве чини 100 евра.

Употребата на безбедносни појаси е задолжителна за патниците на предните и задните седишта.

Доколку планирате да ги посетите блиските плажи, имајте ги патиките со вас, бидејќи возењето во влечки во Грција е казниво со 50 евра казна.

Најстрога казна е за возење под дејство на алкохол. Имено, дозволени се 0,5 промили, а ако ви измерат повеќе од тоа и помалку од 0,8 промили, ќе бидете казнети со 200 евра.

Кратките светла се опционални при возење во текот на денот и задолжителни при возење ноќе. Казната за непочитување на правилата за користење на средно светло е 80 евра.

Детските седишта се задолжителни за деца под 3 години, додека децата под 12 години и пониски од 135 см смеат да се превезуваат на задните седишта само со помош на специјални уреди (детски седишта, потпорни седишта) кои им овозможуваат да се врзани со сигурносни појаси.

Казната за непочитување на правилата за превоз на деца е 350 евра.

Користењето на телефонот, доколку немате hands-free уред, ќе ве чини 100 евра и евентуално одземање на возачката дозвола до 30 дена. За мотоциклист казната е 150 евра.

Најстроги казни
Доколку нивото на алкохол во крвта е поголемо од 0,8 % и помало од 1,1 %, возачот ќе биде казнет со 700 евра и ќе му се одземе возачката дозвола до 3 месеци. Доколку нивото на алкохол во крвта надмине 1,1 %, тогаш паричната казна изнесува 1200 евра, одземање на возачка дозвола до 6 месеци и можна затворска казна до 2 месеци. Повторено консумирање алкохол над 1,1 % во рок од две години – парична казна од 2.000 евра, губење на возачката дозвола до 5 години и можна затворска казна до 6 месеци, пишува на страницата грчкаинфо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…