Внимавајте! Крадци „оперираат“ низ Центар

t

Неколку кражби биле пријавени вчера и денеска на подрачјето на Центар.

– На 28.10.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје, С.К.(79) од Скопје пријавила дека околу 15.00 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– На 28.10.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, М.Т.(18) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот на подрачјето на Центар, четири лица му се приближиле, а едно од нив со употреба на физичка сила му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Денеска (29.10.2024) во 09.30 часот во СВР Скопје, К.Н.(37) од Скопје пријавила дека на 28.10.2024 околу 13.00 часот на подрачјето на Центар, едно лице со закана со остар предмет одзело пари од нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата во денешниот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американски извор: Вашингтон одбил да ја укине…

САД го одбиле иранското барање за укинување…

Манчевски: Стравот од дата центрите е застарен,…

Дата центрите не се мистериозни постројки што…

Вработени кои се на боледување се сликаат…

Министерот за здравство Сашо Клековски по реакциите…

МВР: За осум месеци 34 помалку загинати…

Податоците од евиденциите на Министерството за внатрешни…

Европа предупредува на руски саботажи, но засега…

Европски министри предупредија дека се зголемуваат саботажите,…