ВНИМАВАЈТЕ! „СЕЈФ СИТИ“ ОД УТРЕ КАЗНУВА!

t

Од утре официјално започнува примената на казни преку системот Сејф сити, со што завршува периодот на предупредувања и тестирање. Сообраќајните камери поставени на клучни локации низ Скопје и другите градови ќе ги евидентираат прекршоците автоматски, а казните ќе се доставуваат без директна полициска интервенција.

Системот е наменет за регистрирање на најчестите и најопасни сообраќајни прекршоци – пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, управување нерегистрирано возило, како и неправилно запирање и паркирање. Надлежните информираат дека техничката фаза е завршена и дека од утре нема да има толеранција.

Казните ќе се испраќаат по електронски и по поштенски пат, поради што од МВР апелираат граѓаните да ги проверат и ажурираат своите податоци во системите на институциите. Во случај на навремено плаќање, законски е предвидено и намалување на износот на казната.

Според надлежните, целта на „Сејф сити“ не е репресија, туку зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни несреќи. Во пракса, тоа значи дека од утре камерите ќе бидат постојано „будни“, а секој прекршок ќе има последици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…

Странските државјани кои со возила со странски…

Колони на Табановце: Отворени осум пунктови за…

По големиот сообраќаен метеж и километарските колони…

60 пијани возачи се казнети за само…

Сообраќајната полиција синоќа за само шест часа,…

Казни од 1.500 до 2.000 евра –…

Од 1 јули до 31 август се…

„Безбеден град“ во мај уловил 28.500 прекршоци,…

Во месец мај констатирани се 28.494 сообраќајни…