Водата во Ресен привремено не е безбедна за пиење

t

Поради интензивните врнежи од дожд и зголемениот природен прилив на вода, нарушен е квалитетот на водата во делови од водоводниот систем со кој управува ЈКП „Пролетер“ – Ресен.

Од претпријатието информираат дека водата привремено не се препорачува за пиење, од безбедносни причини. Станува збор за последица од екстремните временски услови, а не од дефект на водоводната мрежа.

– Ова е последица на екстремните временски услови, а не на самата мрежа. Нашите екипи се на терен и веднаш по стабилизирањето на природниот притисок и квалитет, водата ќе биде вратена во редовна и безбедна состојба – се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Водата во Ресен привремено не е безбедна…

Поради интензивните врнежи од дожд и зголемениот…

Водата во Ресен привремено не е за…

Информација за обилните врнежи на територијата на…

Возач во Ресен управувал возило со 2,79…

Лишен од слобода возач во Ресен, управувал…

Протестите за шумата над Љубојно се проширија…

Мештаните на преспанското село Љубојно подготвуваат да…

СИЛЕН ОГАН „ЈАДЕ“ ШУМИ, ПОД ЗАКАНА НЕКОЛКУ…

Пеколни горештини и запалена вегетација, во неколку…