Водата во Ресен привремено не е безбедна за пиење

t

Поради интензивните врнежи од дожд и зголемениот природен прилив на вода, нарушен е квалитетот на водата во делови од водоводниот систем со кој управува ЈКП „Пролетер“ – Ресен.

Од претпријатието информираат дека водата привремено не се препорачува за пиење, од безбедносни причини. Станува збор за последица од екстремните временски услови, а не од дефект на водоводната мрежа.

– Ова е последица на екстремните временски услови, а не на самата мрежа. Нашите екипи се на терен и веднаш по стабилизирањето на природниот притисок и квалитет, водата ќе биде вратена во редовна и безбедна состојба – се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан тинејџер со автомобилот се забил во…

Тинејџер од Ресен возел под дејство на…

Над 200.000 луѓе во Србија останаа без…

Над 200.000 луѓе во Пожега, Чачак, Лучани…

Загубите на вода во Македонија лани изнесувале…

Загубите на вода на национално ниво во…

Водата во Ресен привремено не е безбедна…

Поради интензивните врнежи од дожд и зголемениот…

Водата во Ресен привремено не е за…

Информација за обилните врнежи на територијата на…