Објавено на:

Водачот на упадот во Капитол доби 17 години затворска казна

t

Водачот на екстремната десничарската група „Гордни момчиња“ (Proud Boys) е осуден на 17 години затвор, една од најголемите казни за упадот на Капитол.

Обвинителите велат дека ветеранот на американската армија Џо Бигс (38) бил водач на упадот во Конгресот на 6 јануари 2021 година.

Бигс побара од судот милост и изрази жалење за своите постапки.

Обвинителите во поднесокот велат дека Бигс, воен ветеран во Ирак и автор на страницата за теорија на заговор Infowars, користел воени вештини за да командува и контролира голема група луѓе и да води бунт против владата.

– Бигс се гледаше себеси и своето движење како втора американска револуција во која тој и другите „патриоти“ ќе ја преземат власта со сила, рекоа обвинителите.

Обвинителството побара казна од 33 години затвор за поранешниот војник Бигс, што е значително подолга казна од 17-те години кои на крајот беа изречени. Судијата Тимоти Кели ја засновал својата пресуда врз фактот дека Бигс немал намера да убие никого. Сепак, „одвраќање“, според судијата, е неопходно: Нападот ја прекина „нашата традиција на мирен трансфер на власта. Една од највредните работи што ги имавме како Американци“, рече тој.

Пред да биде објавена пресудата, Бигс низ солзи уверуваше дека не сака веќе да има врска со „Гордите момчиња“. Тој рече дека знае оти ја „зафркнал“ работата, но тврди дека „не е терорист“.

-Петнаесет до седумнаесет години затвор е премногу. Мислам дека во оваа земја се случува поширока криза на легитимитетот. Погледнете ја актуелната претседателска трка. Каде е Доналд Трамп во сето ова? Во 2021 година, тој само им рече на своите 74 милиони следбеници: „Изборите се украдени. Одете во Капитол! Борете се или повеќе нема да имате земја!“ Некои луѓе го послушаа. – Требаше ли да знаат дека е лут и огорчен?“, праша Норман Патис, адвокатот на осудениот Џо Биг

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна…

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во…

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИМ ПРИРЕДИЛЕ ПЕКОЛ – осомничените ги…

Таткото и останатите осомничени за киднапирањето и…

Во Битола приведена скопјанка барана со шест…

Денеска (21.11.2023) околу 17 часот полициски службеници…

Украински „бандити“ упаднаа во христијански манастир

Еден од бандитите му скршил вилица на…

(Фото) Спикерот на Конгресот денес јавно ќе…

Спикерот на Конгресот во САД, Мајк Џонсон…