ВОДАЧОТ НА ХУТИТЕ ГО ИСМЕВА БАЈДЕН: Toj е старец кој има проблеми да се качува по скалите на авион

t

Првиот човек на јеменските Хути, Сајед Абдул-Малик ал-Хути го исмејуваше американскиот претседател Џо Бајден.

Тој изјави дека Бајден е старец кој има проблеми да се качува по скалите на авион, но тој патува 9.000 километри за да ги нападне оние кои сакаа да застанат со угнетениот палестински народ во Газа. Лидерот на Хутите, вели дека Израел не успеал да постигне ниту една од своите цели во Појасот Газа, но продолжува да го масакрира палестинскиот народ.

„Израелскиот непријател не ги постигна своите цели, но продолжува со своите злосторства. Во текот на изминатите 104 дена, тие извршија над 2.000 масакри и геноциди врз палестинскиот народ“, рече Сајед Абдул-Малик ал-Хути.

Се закани дека пак ќе ги гаѓаат американските и британските бродови. Тој ги нападна САД велејќи дека имаат темна историја на злосторства против различни народи ширум светот.

Бајден изјави дека американските напади врз јеменските бунтовници Хути не ги запреле нивните акции во Црвеното Море.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Излезеноста во Брвеница до 17 часот 39,34…

Гласањето на предвремените избори за градоначалник на…

Зеленски: Русија го нападна украинскиот енергетски сектор…

Русија го нападна украинскиот енергетски сектор и…

Трамп официјално го поддржа Нетанјаху пред изборите…

Американскиот претседател Доналд Трамп официјално му даде…

Трагедија во гостиварско: 59-годишен возач загина откако…

59-годишен жител на Гостивар го загубил животот…

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот…

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…