Водечки бугарски историчар, член на БАН, во 1935 година: Македонците уште во времето на Филип и Александар имале своја држава и национална свест!
Фејсбук страната Macedonia: a true endless story постојано објавува интересни податоци за посебноста на македонскиот народ и тоа преку документи токму од денешните негатори.
Овојпат тие објавија став на бугарски историчар, член на Бугарската академија на науките и уметностите кој ги издвојува Македонците како посебен народ.
Во продолжение ја прнеесуваме нивната објава во целост:
БАН: МАКЕДОНЦИТЕ ИМАЛЕ СВОЈА ДРЖАВНА И НАЦИОНАЛНА СВЕСТ; НЕ БИЛЕ ГРЦИ – 1935 г.
Гаврил Кацаров, еден од водечките бугарски историчари за антиката, во 1935 година пишува дека Древните Македонци имале своја народносна свест, како одделен народ, со посебна државност и религија. Тој вели:
– „И во времето на Филип и Александар Велики, самите Грци не го сметале македонскиот народ како грчки; од друга страна пак, самите Македонци јасно и определено се одвојувале од Грците и имале свое македонско народносно сознание. Заслужува да се истакне и фактот, дека ниеден хеленски географ во антиката не ја сметал Македонија како дел од Хелада“.
Кацаров посочува дека тогашните археолошки откритија во околината на Солун и Требениште (Охридско) го разоткриле фактот дека Хелените и Македонците не припаѓале кон иста етничка група.

– „Освен тоа треба да забележиме, дека политичките и социјални услови во Македонија биле наполно различни од хеленските; македонскиот народ имал своја религија, свое национално и државно сознание“, пишува тој.
Кацаров е основач на тнр. историска гранка Тракологија во Бугарија. Тој е еден од првите кои го сфатиле фундаменталниот проблем со турко-монголското потекло на правите Бугари за новосоздадената нација Бугарија. Следствено, се посветил на изучувањето на античката историја и посебно на историјата на Траките. Но, научно неосновано, сметал дека Македонците се смеса од Пеласги, Траки и Илири.
ИЗВОР: “Македонско слово”, Органъ на македонската емиграция, Година I, Брой 32, София, 28 Септемврии 1935 год., стр. 2.
* Гаврил Кацаров (1874 – 1958) е еден од водечките бугарски историчари и археолози по осамостојувањето на Бугарија. Докторирал на тема класична филологија и античка историја во Лајпциг, Германија, а потоа подготвил специјализиција во Берлин и Минхен. Бил редовен професор на Историско-филолошкиот факултет во Софија (ја води Катедрата за античка историја), а работел како декан и ректор на Софискиот Универзитет. Основач е на Бугарскиот археолошки институт и директор на Народниот археолошки музеј во Софија. Бил член на Бугарската, Романската и Австриската академиија на науките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…
ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…