„Водовод“: Скопската вода е исправна
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје во вчерашниот извештај од мониторингот на водата објави дека Секторот за санитарна контрола зел 42 примероци од водоводната мрежа на градот, од кои четири од бунарскиот потег Нерези – Лепенец и истите покажале дека водата е исправна за конзумирање.
Мониторингот, според претпријатието, се спроведува согласно Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, а примероците се испитуваат со физичко-хемиска и микробиолошка анализа во акредитирани лаборатории.
– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија од скопски Водовод.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ПОВИКА ВЛАДАТА ДА ГО СЛЕДИ…
Велика Британија нема да може да изгради…
АНКЕТА: ВМРО-ДПМНЕ со трипати поголем рејтинг од…
Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај…
Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури…
Алта банка АД Битола е стабилна, со…
Трамп го номинира Михаил Богачек за нов…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го номинираше…
Флора Кадриу е нова претседателка на Комисијата…
Флора Кадриу е избрана за нова претседателка…