Воени челници на САД и Куба се сретнале во Заливот Гвантанамо
Шефот на Јужната команда на САД (Саутком), генерал Франсис Донован, се сретнал со началникот на Генералштабот на Кубанските револуционерни вооружени сили, Роберт Легра Сотолонго, во американската воена база во Заливот Гвантанамо на Куба, јави Си-ен-ен.
За време на „кратката размена“ со Легра и други претставници на кубанските вооружени сили, беа дискутирани „прашања за оперативна безбедност“, соопшти американската војска во објава на „Икс“.
Во соопштението од кубанското Министерство за одбрана се вели дека состанокот бил „позитивен“ и дека биле дискутирани прашања од заеднички интерес. Изјавите дојдоа неколку дена откако американскиот новински медиум Аксиос објави дека Куба купила повеќе од 300 воени беспилотни летала.
Хавана наводно започнала да разговара за плановите за употреба на беспилотни летала за напад врз американската воена база во заливот Гвантанамо, американските воени бродови и евентуално Ки Вест во американската држава Флорида, се вели во извештајот.
Куба ги негираше извештаите, но го потврди своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на САД.
Односите меѓу Вашингтон и Хавана се затегнати по револуцијата и дополнително ескалираа под водство на претседателот Доналд Трамп.
Вашингтон воведе серија нови санкции и ембарго за нафта врз социјалистичката карипска островска нација, обидувајќи се да употреби зголемен притисок за да наметне промена на режимот во интерес на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…
Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…
Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…
Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…