Воен дрон паднал на гробишта во Србија, друг во двор од семејна куќа

t

Воено беспилотно летало слета на гробиштата во селото Обрва на југот на Србија. Истиот ден воен дрон слета во двор од куќа во село Тавник. Двете села се наоѓаат веднаш до воениот аеродром Лаѓевци, пишува Нова.рс.

Дрон вчера околу 14 часот слета на гробиштата во село Обрва. Звукот на моторот ги вознемири мештаните. Велат дека кога го виделе падобранот отворен, сфатиле дека нешто не е во ред со леталото.

„Прво мислев дека нешто се вежба. Слушнав како моторот на леталото трокира. Кога изгасна, а набргу откако го видов падобранот отворен, сфатив дека нешто не е во ред“, изјави Милан Среќковиќ од Обрва.

Како што изјави за Нова.рс, на гробиштата видел летало со падобран околу споменикот.

„Со десното крило се потпре на споменик. Не беше оштетен при слетувањето. Често ги гледаме, но никогаш не слетале во близина на населено место“, вели Среќковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Исплашено и заробено меѓу огнот: Пожарникари…

Во борбата со големиот пожар што беснее…

(Видео) Зеленски до Путин: Ја сакавте цела…

Украина денес ја слави 35-годишнината од својата…

Поскапуваат горивата – Бензините за 1,5 денар,…

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука…

Пет активни пожари низ Македонија

На ден 24.08.2026 година, до 13:00 часот,…

Трамп вели дека Канада ги сака „бенефициите“…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада…