Возачите во Македонија добиваат ново правило: забраната за возење повеќе не се впишува во дозволата – еве кога точно почнува да важи
Воведена е нова процедура за извршување на санкцијата „забрана за управување со моторно возило“, која носи значајни промени за возачите. Наместо досегашната практика забраната физички да се впишува во возачката дозвола, отсега целиот процес ќе се спроведува дигитално.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, новиот систем предвидува известување преку две СМС пораки и електронска пошта. Со ова се укинува обврската граѓаните да вадат нова возачка дозвола и да плаќаат дополнителни трошоци само поради впишување на забраната.
Процедурата се одвива во две фази. Најпрво, околу седум дена по пополнување на изјава со контакт податоци, лицето добива прва порака со информации за видот и времетраењето на изречената санкција.
По осум дена од таа порака следува втора СМС порака – токму од моментот кога ќе пристигне ова известување, забраната официјално почнува да важи.
Од МВР појаснуваат дека санкцијата не започнува од денот кога граѓанинот ја пополнил изјавата во Одделението за управни работи, туку исклучиво по приемот на втората порака.
Досега, според новиот систем, реализирани се повеќе од 3.000 забрани за управување со моторно возило изречени со правосилни судски пресуди. Надлежните ги повикуваат сите лица кои добиле покана од Министерството да ги ажурираат своите контакт податоци – број на телефон и е-маил адреса – за навремено да ги добијат известувањата.
Истовремено, автоматски се спроведуваат и забраните евидентирани преку системот „Безбеден град“, при што известувањето исто така се испраќа преку СМС и електронска пошта. Новите измени, според МВР, треба да го поедностават процесот и да ја намалат административната процедура за граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…