Возачот кој пијан излета од пат и удри во бандера е полицаец!

t

Вчера во 02 часот на ул. „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.С.(25) од општина Росоман.

В.С. со неговото патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во бандера, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица Кавадарци.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР.

Како што дознава Инфомакс лицето е полициски службеник, а информацијата ја потврдија и од СВР Велес.

– Лишеното лице В.С. е полициски службеник кој не бил на должност. И за него како и за сите други важат законските правила и прописи. – велат од СВР Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расчистено убиството кај Смилковско езеро, уапсениот го…

МВР информира дека вчера по преземени оперативно…

15 девојчиња помали од 15 години лани…

Бугарската јавност беше шокирана од веста дека…

Татко-монструм: Се заканувал дека ќе ја запали…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.С.…

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското…

Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото…