Возач во Чаир удрил полицаец, го стартувал возилото и избегал

t

Полициски службеници синоќа испукале два куршума во обид да спречат возач да избега. Тие, како што информира МВР, сакале да ги легитимираат лицата во возилото, но откако се приближиле до него, возачот тргнал и удрил еден од нив.

Инцидентот се случил околу 22.00 часот на подрачјето на Чаир во Скопје.

-Полициски службеници од СВР Скопје се доближиле до патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.Е., за да извршат легитимирање на лицата во возилото. Притоа, возачот го стартувал возилото и удрил еден полициските службеници, по што полициски службеници испукале два куршума. Набргу, возилото застанало, а лицата го напуштиле местото, наведува МВР во вчерашниот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Овозможена исплата на плати преку „Алта банка“,…

Компаниите што во последните три месеци редовно…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…

СДС и Венко Филипче што со демагогии,…

Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…

Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…

Американски војник уапсен во Британија под сомнение…

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…

ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…

Бебе на возраст од 11 месеци е…