Возач на товарно возило е тешко повреден во судир со автомобил во Козле
Вчера попладнето, во скопската населба Козле се судриле автомобил и товарно возило чијшто возач е сериозно повреден, извести МВР.
„На 03.06.2025 околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Миле Попјорданов“ и ул.„Илија Плавев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(37) од Скопје и товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(57) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на товарното возило, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ тврди: Не е волк, се работи…
Откако во јавноста се појавија информации дека…
Ќе се испитува дали заловеното животно е…
Животното што синоќа беше пронајдено во скопско…
Во Козле се хоспитализирани 70 деца –…
На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај…
Грипот „пуштен на најјако“ – Речиси целосно…
На Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај…
(Видео) Јакимовски: Поради Министерството за транспорт жителите…
Поради Министерството за транспорт жителите на Козле…