Возач од Скопје усмрти 78-годишен велосипедист
Денеска о СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, возило „мицубиши аутлендер“ управувано од К.В.(26) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.К.(78) од Скопје.
Од здобиените повреди, на местото на настанот починал велосипедистот Б.К., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, а возачот К.В. бил уапсен.
Возачот е приведен во Полициската станица во Кисела Вода за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Син-монструм: Ги нападнал своите родители и им…
На 07.11.2026 околу 11:00 часот во СВР…
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ВАШИНГТОН: Републиканците се свртуваат…
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет се…
ИЗРАЕЛ НАЈАВУВА НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН: Мисијата…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, порача…
Трамп со ултиматум до Иран: Војната може…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нова…
„25 години живеам благодарение на твојата лесна…
Бројни пораки со благодарност, почит и сеќавања…