Возач прегазил жена во Ѓорче и избегал, оставајќи ја тешко повредена на патот
Четириесет и осумгодишна жена е тешко повредена откако ја удрил автомобил „фиат“ во скопската населба Ѓорче Петров, соопшти МВР. Возачот потоа избегал од местото, оставајќи ја тешко повредената жена на патот.
„На 05.08.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Сарафов“ и ул.„Крсто Раковски“ во Скопје, патничко возило „фиат“ удрило во 48-годишната А.С.К. од Скопје и го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С.К., констатирани во ЈЗУ Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Брнабиќ контра Вучиќ „Најтешко ми паѓа што…
Нејзината изјава доаѓа во период на политички…
Трамп призна дека војната со Иран придонела…
Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи со…
Хакери се обиделе да ги уништат резервите…
Француските власти истражуваат кибернапад врз неколку регионални…
Калас: Гласачите во САД јасно ја изразија…
Високата претставничка на Европската Унија за надворешни…
Европската комисија ги препознава конкретните резултати од…
Извештајот на Европската комисија за 2026 година…