Возач тешко повреден откако со БМВ излетал од патот кај село Калишта
Рано изутринава, околу 01:00 часот, на регионалниот пат кај селото Калишта, струшко, се случила сообраќајна несреќа во која тешко бил повреден 40-годишен маж.
ако што информираат од ОВР Струга, патничко возило „БМВ“ со струшки регистарски таблички, управувано од Р.В. од селото Долна Белица, излетало од коловозот откако возачот изгубил контрола врз возилото.
Повредениот возач бил итно пренесен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата бил извршен увид од страна на увидна екипа од ОВР Струга, а полицијата работи на утврдување на причините за несреќата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…
ТРАМП СВИКА ВОНРЕДЕН БЕЗБЕДНОСЕН СОСТАНОК: Во Белата…
Американскиот претседател Доналд Трамп одржува специјален безбедносен…
ИРАК СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН НУКЛЕАРЕН ИНЦИДЕНТ…
Иракските власти ги засилија мерките за нуклеарна…
„Фајненшл тајмс“: Русија договорила испорака на 90…
Русија се согласила да му испорача на…
Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…