ВОЗДРЖЕТЕ СЕ ОД ПРЕДВРЕМЕНИ ПРЕСУДИ ПО НАПАДОТ НА КАДРИЕСКИ: Апел од МНР да не се избрзува со заклучоци за инцидентот
Во врска со вчерашниот напад врз Б.К., државјанин на Република Македонија од Лабуниште, Министерството за надворешни работи апелира за воздржаност од предвремени квалификации сѐ до целосно расчистување на случајот.
„Во текот на вечерните часови, со осомниченото лице за нападот, А. Н. од Велешта, бил извршен службен разговор и известен е јавниот обвинител. Овој настан не смее да фрла сенка врз институционалните напори за негување на правата и интересите на помалите заедници, вклучително и напорите за уставно-правно загарантирани права за нив, меѓу нив и бугарската заедница“, се наведува во соопштението од МНР.
Оттаму ги повикуваат јавноста и политичките субјекти од соседна Бугарија да им овозможат на институциите на државата да ги расчистат околностите на настанот и соодветно да ги процесуираат, согласно законската регулатива.
Како што објавивме вчера, претседателот на Здружението на Бугарите во Македонија „Шемето“, Бекир Кадриески, објави дека бил претепан од непознато лице во Струга.
Тој изјавил дека бил соборен на земја и бил клоцан. Бил удиран со раце и навредуван по етничка основа со зборовите „валкан Бугарин“.
Како што објави бугарскиот портал Нова, Кадриески е државјанин на Република Македонија, не поседува бугарски пасош, но изјавува дека има бугарски идентитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 15 ноември задолжителна зимска опрема за…
Од 15 ноември до 15 март е…
Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…
26-годишен жител на Кочани се соочува со…
Стотици илјади Украинци останаа без струја по…
Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…
Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…
Во пукање на главниот плоштад во Краков,…
Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…