Воздушна тpевога во Pоманија поpади можен pуски напад во близина на гpаницата со Укpаина

t

Предупредувачко известување за можност од паѓање на објекти од воздух добија синоќа жителите на романските окрузи Тулча и Констанца преку системот „Ро-Алeрт“ (Ro-Alert), пренесува Диџи24.

„Останете смирени. Засолнете се во подруми или во засолништа за цивилна заштита. Доколку нема засолниште, останете внатре во куќите, далеку од прозорци и надворешни ѕидови. Очекувано времетраење: 90 минути“, се вели во пораката, испратена неколку минути пред три часот по полноќ.

Диџи24 наведува дека ова е првпат вакво известување да се испрати и до округот Констанца. Досега вакви предупредувања добиваа жителите на Тулча, Браила и Галац.

„Известувањето беше испратено синоќа, откако националните одбранбени и безбедносни структури забележаа можен напад од Руската Федерација врз некои цели на територијата на Украина, во близина на границата со Романија. Во него се пренесуваат информации за предупредување и информирање на населението за можноста од паѓање на предмети од воздушниот простор и мерки за засолнување ако ситуацијата го наложува тоа“, истакнаа од Инспекторатот за итни случаи на Тулча. Тие изјавија дека овие известувања имаат цел да го информираат населението од граничната зона на Романија.

Минатата година Романија неколку пати соопшти за пронајдени остатоци од руски дронови на нејзина територија по напади врз украински цели на спротивниот брег на реката Дунав, потсетуваат локалните медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…

Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…

Полска ги предупреди европските сојузници дека во…

Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…

Украина ќе добие нов пакет воена помош…