Возел брзо во левата лента, па се обидел да поткупи полицајци: Македонец уапсен во Србија
Државјанин на Македонија е уапсен во Србија под сомнение дека се обидел да поткупи сообраќајни полицајци за да избегне санкција за сообраќајни прекршоци.
Како што соопшти српското Министерство за внатрешни работи, 43-годишниот З. А. бил приведен од припадници на Управата за криминалистичка полиција и Службата за борба против корупцијата, по налог на Посебното одделение за сузбивање корупција при Вишото јавно обвинителство во Краљево.
Според сомнежите на истрагата, тој вчера на полицајци од Управата за сообраќајна полиција им понудил пари за да не му издадат прекршочен налог. Претходно, додека управувал патничко возило на автопат, ја надминал дозволената брзина и се движел по левата сообраќајна лента, иако десната била слободна.
На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде спроведен пред надлежното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов: Чудно ми е како Радев знае…
Бојко Борисов денеска го искористи своето право…
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…
(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…
Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…