Возел пијан и без возачка, удрил во паркирано возило и побегнал – уапсен штипјанец
На 02.04.2025 околу 00.20 часот во Штип, полициски службеници од ПС БПС Штип го лишиле од слобода Е.А.(40) од Штип. Е.А. на 01.04.2025 околу 22.40 часот во Штип со патничко возило „сеат“ со штипски регистерски таблички удрил во паркирано возило и го напуштил местото на настанот.
По преземени мерки од страна на полициски службеници, Е.А. е пронајден и лишен од слобода, а било констатирано дека има 1,77 промили алкохол во крвта и дека нема положен возачки испит.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пред 85 години првпат е изведена песната…
На денешен ден, 8 ноември, пред точно…
Нови случаи на семејно насилство: закани со…
Маж се заканувал со дрвен предмет на…
Митровден бил домашната слава на светите Кирил…
Силен, воинствен, неустрашив генерал му требало на…
НМКД наместо МКД: Во Грција прекршен меѓународниот…
Грчката национална телевизија ЕРТ го прекрши меѓународниот…
СДСМ СКОПЈЕ: ТОШКОВСКИ И НАДЛЕЖНИТЕ МОРА ДА…
Градската организација на СДСМ Скопје побара одговорност…