ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО! Карпа ВИСИ над автопатот Скопје-Велес
Oпаснa карпа виси над автопатот Скопје-Велес, односно на потегот после патарината пред Велес, а веднаш после првиот тунел. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека оваа карпа e опасност по учесниците во сообраќајот, а за опасноста биле предупредени преку повиците кои биле упатени на бројот за итни случаи 112.

– Во ЦУК, има повеќе пријави од граѓани. Ситуацијата со опасната карпа е сериозна и потребно е во најбрз можен рок да биде направена санација, односно да се отстрани за да не се загрози човечки живот. Повеќе од 18 денови карпата е одвоена од основниот масив високо над патот и паѓаат парчиња камења на автопатот со што директно се загрозени учесниците во сообраќајот, информираат од ЦУК.

Оттаму велат и дека нивна екипа утрово го посетила критичното местото и утврдено е дека повеќе карпи и камења се забележани на повеќе локации, кои иако се заштитени со мрежи постои можност да се стркалаат на брзата сообраќајна лента.
– Неодамна укажавме за опасност до јавните претпријатија за државни патишта и за одржување и заштита и магистрални патишта и препорачавме да направат стручен надѕор и да ја санираат и обезбедат состојбатата на критичните места за одрони, информираат од ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…
Пријавени се проблеми во работењето на услугите…
Израел ќе се приклучи на нападите врз…
Израелската армија проценила дека во моментов нема…
Новата рунда разговори за мир во Украина…
Најновата рунда дипломатски разговори околу Украина, која…
БРАВО! МВР поднесе нов закон за семејно…
Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе до…
Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин:…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска заедно со 50…