Возило од обезбедувањето од претседателот на Собранието Африм Гаши излетало од патот кај Ново Село, повредени три лица

t

Возило од обезбедувањето на претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши излетало од патот кај Ново Село, Општина Дебрца, јави порталот Ohrid 1.

– Сообраќајна несреќа се случи денеска кај Ново Село, Општина Дебрца, при што интервенирале две амбулантни возила и екипа на противпожарната служба. Дознаваме дека во несреќата учествувало возило од обезбедувањето на претседателот на македонското Собрание Африм Гаши, објави порталот.

Од СВР Охрид потврдиле дека возило од обезбедувањето на Африм Гаши излетало од патот во Општина Дебрца.

– Во несреќата се повредени три лица и истите се пренесени во болница, изјавиле за порталот од СВР Охрид.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши денеска престојува во посета на Општина Охрид, каде треба да се сретне и со градоначалникот, д-р Кирил Пецаков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија го повтори барањето НАТО да се…

Русија повторно бара НАТО да ги повлече…

Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…

Македонскиот фудбал денеска гоп погоди тажната вест…

Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…

„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…

Потресна исповед на семејство од Загреб открива…

Родителите од Тетово револтирани од состанокот кај…

Родителите на нападнатите деца во Тетово се…