Возило со 11 мигранти од Сирија излетало во провалија кај Дојран!

t

На 12.01.2024 околу 20 часот во близина на Дојран, патничко моторно возило „крајслер”, излетало во провалија, откако претходно не застанало на дадена наредба за запирање од страна на полициски службеници на раскрсница Смоквица и на влез во Валандово, туку продолжило со движење зголемувајќи ја брзината.

При извршениот увид е констатирано дека во возилото се превезувале 11 лица, мигранти од Сирија, од кои едно лице починало на местото на настанот, едно лице е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје за укажување на лекарска помош, додека на останатите лица им била укажана лекарска помош во Општа болница Гевгелија, по што биле сместени во Прифатно- транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка. Според кажаното од мигрантите, возачот на возилото, пред да излета возилото, ја отворил вратата и скокнал, по што се дал во бегство. Увид бил извршен од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Валандово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сирија го осуди братучедот на Башар ал-Асад…

Сириски суд го осуди Васим ал-Асад, братучед…

Гутереш повика на укинување на сите санкции…

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…

Гутереш повика на глобална поддршка за Сирија…

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…

18 години затвор за Дојранецот кој до…

Основниот суд во Гевгелија му изрече казна…

Трамп одлучи да го поништи статусот на…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа го…