Вози голф и има кредит: Кој е новиот шеф на ОЈОГОКК, Ислам Абази?

t

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази, новоизбраниот шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција, на местото на досегашната шефица Вилма Русковска, е жива мистерија за јавноста.

Пред изборот тој воопшто не даваше изјави, не водеше кампања, ниту пак презентираше своја програма за тоа што и како планира да работи во ова важно и чувствително обвинителството. Од него дури нема слика ниту биографија на сајтот на Вишото јавно обвинителство Гостивар, коешто го водеше до денеска.

Негова биографија пред себе ја немаа ниту членовите на Советот на јавни обивнители, кои во најголем дел гласаа за него. Иако без план и програма, најголем дел од обвнителите (66 од вкупно 160) оцениле дека тој е најсоодветен да ја раководи борбата со организираниот криминал и корупцијата во државата.

Според неговиот прв анкетен лист, што тој го пополнил во Антикорупциската комисија кога првпат дошол на јавнообвинителската функција тој располага со куќа во селото Зајас, кичевско од 1998 година, за која е наведено дека е имот на родители, но нема податок како е стекната.

Куќата има 210 метри квадратни и за неа е наведено дека чини 3 милиони денари или близу 49 илјади евра.

Потоа, Абази располага со стан во Кичево од 1985 година, за кој исто така е наведено дека е имот на родители и нема податок како е стекнат. Станот, кко што стои во анкетниот лист, вреди 1,8 милиони денари или околу 30 илјади евра.

Од личен имот Абази располага со фолсфаген голф на сума од 300 илјади денари или околу 5.000 евра, од 1999 година и е стекнат со договор за купопродажба.

И конечно, Абази има кредит, на сума од 250 илјади денари, кој го зел во 2009 година и го отплаќал 4 години.

Извор: Нетпрес

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ова ли е демократија? Франција затвора…

Во градот Бове, Франција, започна правна постапка…