(Вознемирувачки фотографии) Ќе има ли некогаш ред во оваа држава?! Дете на неполни две години каснато од куче скитник на плоштадот „Магнолија“ во Битола

t

Детенце на возраст од една година и седум месеци е каснато на лицето од куче скитник на плоштадот „Магнолија“ во Битола. Немилиот настан се случил вчера на Велигден, после пладне, кога детенцето во присуство на повозрасното тригодишно братче и родителите си играло на скалите од споменикот Филип Втори на плоштадот „Магнолија“, кога родителите се враќале од црква. Мајката Моника, инаку американски државјанин, и детенцето е родено во САД, вели дека инцидентот се случил за миг, кога пред нејзините очи го видела кучето како го соборило детенцето на земја и му нанело тешки повреди на устата и образот. Детето веднаш е пренесено во Битолската клиничка болница каде раните се зашиени, но под силен стрес е целото семејство. Кучето било со ушна обетка, пренесува Апла.

„На ден Велигден, кога целиот народ се враќавме од црква, нешто по 12 часот и 30 минути, застанавме со дечињата кај фонтаната и споменикот на плоштадот Магнолија да си поиграат децата со останатите собрани на плоштадот. Имаше две-три кучиња околу, во еден момент кога се завртев детето ми беше на земја нападнато од кучето. Веднаш реагирав го оттргнав кучето и кога го кренав детето беше раскинато на половина од устата, во левиот образ и брадата до делот под окото. Цел народ се собра и го виде несреќниот момент“, раскажува вознемирена мајката Моника за АПЛА.мк.
дете каснато од куче скитник во Битола фото Апла.мк

По лекарската интервенција – Фотографијата е одобрена за објавување од мајката Моника .

Извор: Апла

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдено и казнето лицето кое фрлаше вреќи…

Општина Дебар информира дека лицето кое фрлаше…

Kaматите на Американските обврзници на чекор од…

На светските финансиски пазари се приближува граница…

Над 615.000 автомобили во Македонија: Дизел-возилата остануваат…

Бројот на патнички автомобили во земјата само…

Меркел им порача на Германците дека „нема…

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, синоќа ги…

Трамп двапати одбил да ги нападне Хутите,…

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман двапати телефонски…